Најмалку четворица загинати во експлозија на автомобил бомба во Дијарбакир

Илустрација

Најмалку четири луѓе загинаа, а 20 се повредени во денешната експлозија во Дијарбакир, каде што живеат мнозинство Курди, изјави турски владин претставник. Автомобил-бомба експлодира во близина на автобуска станица во југоисточниот турски округ Дијарбакир во момент кога поминувало полициско возило. Во Дијарбакир често има судири меѓу владините сили и курдските бунтовници.