Попоски-Хан: Избори на 5 јуни се најдобар пат за враќање на ЕУ агендата

Избори на 5 јуни се најдобар пат за Македонија да ја врати агендата и да почне со преговори за членство во ЕУ, заклучиле македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски и еврокомесарот Јоханес Хан на денешната средба во Драч одржана на маргините на министерска конференција за Западен Балкан, соопшти МНР.

Попоски имаше средба и со државниот секретар за европски прашања на Франција Арлем Дезир, кој по разговорот со шефот на македонската дипломатија на Твитер напиша дека Париз ја поддржува реализацијата на договорот од Пржино како клучен елемент за приближувањето на Македонија кон ЕУ.

Билатерални средби во Драч, шефот на македонската дипломатија имаше и со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Игор Црнадак, со генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ, потсекретарот во италијанското МНР Винченцо Амендола и министерот за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати.