Судири меѓу мигрантите во Пиреја

Најмалку осум лица се полесно повредени во судири меѓу авганистански и сириски бегалци што се случиле доцна синоќа во Пиреја. Грчката крајбрежна стража соопшти дека повредените се хоспитализирани.

Во меѓувреме, во Пиреја пристигна ферибот со седум бегалци и мигранти од Хиос и Митилена, а за денеска се очекува само уште едно лице.

Според последните податоци, во Пиреја и околината има 5.800 бегалци и мигранти.

Грчкиот весник Нафтемборики, пак, објави дека грчките власти почнуваат да преместуваат бегалци од Пиреја, за да го олеснат пристаништето преоптоварено со мигранти, каде денеска е зајакнато полициското присуство по вчерашните инциденти.