Зачестена ротација на американски борбени единици во Европа

Командантот на американските сили во Европа генерал Филип Бридлав објави зачестена ротација на американски борбени единици во источна Европа од почетокот на идната година. Како главна причина за тоа тој го посочи, како што рече „агресивното однесување на Русија. Според него, зачестената ротација е дел од потезите на Пентагон за гарантирање на безбедносната на сојузниците во НАТО.