Хан бара итни реформи во правосудството во Албанија

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан во Тирана имаше средби со албанскиот државен врв во рамките на состаноците на високо ниво Албанија, ЕУ. На заедничката прес конференција со албанскиот премиер Еди Рама, Хан изјави дека Албанија под итно треба да спроведе реформа во правосудството. Осврнувајќи се врз пред пристапните преговори на Албанија со ЕУ, Хан рече дека засега не е одреден датум за отпочнување на разговорите за членство. Според дел од албанските медиуми, и покрај заедничката средба со власта и опозицијата, Хан не успеал „да го стопи мразот“ меѓу двете страни.