Хартман пуштена од притворот од Шевенинген

Поранешната портпаролка на обвинителството на Хашкиот трибунал, Флоренс Хартман

Поранешната портпаролка на обвинителството на Хашкиот трибунал, Флоренс Хартман денеска е пуштена на слобода.

„Мошне сум уморна, целосно исцрпена и шокирана, но чувствувам големо олеснување што не сум во затвор и подготвена сум да се борам“, рече Хартман по шест дена поминати во притворот во Шевенинген, јави Танјуг.

Хашкиот трибунал вчера објави дека на поранешната портпаролка на Обвинителството ѝ е одобрено предвремено пуштање на слобода и наведе дека „одлуката ќе стапи во сила, штом тоа практично ќе биде можно“. Во соопштението од Хаг се наведува дека во одлуката за привремено ослободување на Хартман „е земено предвид нејзиното примерно однесување во притворската единица на ОН и тоа што отслужила две третини од казната“.