Намален приливот на бегалци на грчките острови

Европските и грчките власти се охрабрени од намалувањето на приливот на бегалци и мигранти на грчките острови што е забележано од минатата седмица. Вчера на Лезбос, Хиос и Самос пристигнале околу 700 бегалци што е повеќе од претходните денови, но сепак претставува намалување од пред две недели. Сепак, бројот на бегалци и мигранти во Пиреја е преголем. Според денешните податоци, во пристаништето и околу него има над 5.700 бегалци и мигранти, сместени во над 1.100 шатори. Министерството за миграциска политика одлучи меѓу бегалците да се дистрибуираат летоци со кои мигрантите ќе се советуваат да бидат префрлени во сместувачки центри.

Во Грција во моментов има над 51 илјади мигранти, од кои над 11 илјади се во Идомени.