Киднапиран египетски патнички авион

Авион на египетската компанија „Еџиптер“ на домашниот лет меѓу Александрија и Каиро бил киднапиран и принуден да слета на Кипар. Во авионот имало 55 патници и седуммина членови на екипажот. Агенциите јавуваат дека авионот бил киднапиран од едно вооружено лице. Засега нема други детали.