Во Драч средба на шефовите на дипломатиите од Западен Балкан

Јоханес Хан

Во албанскиот град Драч утре и задутре ќе се одржи средба на шефовите на дипломатите на земјите од Западен Балкан, соопшти албанското Министерство за надворешни работи. Состанокот на кој ќе учествува и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ќе биде посветен на продлабочувањето на соработката во подготовка на регионални проекти, посебно во областа на енергетиката и транспортот.