ВМРО-ДПМНЕ: Настапот на Јанева значи дека СДСМ нема програма

Специјалната обвинителка Катица Јанева

Специјалната обвинителка Катица Јанева повторно настапи со политички конструкции кои содржат сè, освен почитување на правото и претставуваат директен доказ на очајот во којшто се наоѓаат Зоран Заев и СДСМ, реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Нивната реакција е на денешната прес-конференција на Специјалното обвинителство, на која беше објавено дека е отворена истрага „Тортура“ против поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и други вработени во МВР, за начинот на апсење на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.
„Денешниот политички настап на Катица Јанева е најдобра потврда дека Зоран Заев и СДСМ немаат никаква предизборна програма и никакви проекти кои би ги понудиле на граѓаните, така што единствениот излез го бараат во обидот преку Катица Јанева да оцрнуваат луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ преку конструкции, лаги и манипулации“, се вели во реакцијата на владејачката партија.