Во Пиреја пристигнале само 17 мигранти и бегалци

Во пристаништето во Пиреја денеска пристигнале само 17 мигранти и баратели на азил, додека во импровизираниот камп во пристаништето во моментов престојуваат 5.330 луѓе. Според официјални податоци на УНХЦР, во март во Грција дневно, во просек, пристигнуваат 996 бегалци, во споредба со просекот од 1.968 лица дневно во февруари. Во првите два месеци од 2016 година, Средоземното Море го поминале повеќе од 100.000 луѓе.

Како што претходно јави МИА, бројот на бегалци и мигранти кои пристигнале на грчките острови е значително намален во последните 24 часа.

Од вчера, во Грција пристигнале вкупно 144 лица, главно Пакистанци. Поточно, на Лезбос пристигнале 17, на Хиос 63 и на Самос 64 бегалци и мигранти.