Протестот на мигрантите кај Идомени заврши

Протестот на стотици мигранти, охрабрени од активисти да бараат отворање на границата меѓу Грција и Македонија заврши без поголеми инциденти, јавуваат новинските агенции. Мигрантите кои се уште се наоѓаат во дивиот камп во Идомени се обидуваа во неколку наврати да се доближат до местото низ кое минуваа на македонска територија. Во тоа биле спречени од грчките полицајци кои не им дозволуваат на бегалците да се доближат до граничната ограда со Македонија. Инаку активностите на грчката страна за евакуација на бегалците од кампот во Идомени продолжуваат.