Сириската војска ја презеде контролата во Палмира

Сириските владини сили повторно ја презедоа контролата во античкиот сирискиот град Палмира, објавија државните медиуми и групата за мониторинг. Сириската телевизија денеска објави дека армијата има "целосна контрола во градот Палмира." Сириската опсерваторија за човекови права, соопшти дека изутрината се уште имало престрелки во источниот дел на градот, но поголемиот број од милитантите на Исламската држава сили се повлекле кон исток. Палмира, светски познат град по античките споменици од римско време, милитантите на ИД го зазедоа во мај минатата година. Подоцна беа урнати некои од најпознатите споменици од Исламска држава чии милитанти сметаат дека тие промовираат идолопоклонство. Преземањето на градот претставува голема победа за владата на претседателот Башар Асад, која има направено повеќе успешни операции во последните неколку месеци против бунтовничките групи. Дамаск помагаше во голем дел од воздушната кампања на Русија.