Тимовите на ДИК не ја почнаа теренската проверка

Државната Изборна Комисија денеска не почна со планираната теренска проверка на избирачкиот список. Според информациите од ДИК проверката не почнала поради подготовки за целата процедура. Теренската проверка опфаќа 89.383 запишани гласачи во избирачкиот список, кои по вкрстената проверка се покажаа како спорни. ДИК планира проверката да трае до 3 ти април. Претходно ДИК започна информативна кампања „отворени врати“ и ги објави официјалните беџови што ќе ги носат анкетарите кои ќе одат од врата до врата.