Спасовски: Немало акција во Кумановско, да не се создава паника

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска од полициската станица од Матејче апелираше да не се создава непотребна паника кај граѓаните , демантирајќи ги написите во одредени медиуми дека во кумановско имало полиција поради присуство на вооружени групи уфрлени од надвор.

Спасовски изјави дека синоќа немало полициска акција,ниту приведувања туку зголелемо присуство на полициските сили поради кризата што ја имаме со мигрантите. Кумановско-скопскиот регион треба да биде под поголем надзор, зашто е северен дел од границата, имаме често илегални преминувања, знаете дека имавме влез на мигранти и претходно преку оваа граница, рече Спасовски, при денешната посета на полициската станица Матејче.

- Во овој период имаме бегалска криза и во рамки на сите овие активности присуството на МВР е зголемено во кумановскиот и во скопскиот регион се со цел да се обезбеди поголема безбедност и стабилност на граѓаните на Република Македонија, истакна Спасовски.

. Уште еднаш додаде сите треба да бидат спокојни бидејќи МВР ги презема сите мерки кои значат засилување на безбедносната состојба на државата.

.Тој нагласи дека станува збор за северен дел на граница во овој регион и оти често има илегални минувања. Како што потенцира, претходните денови имало влез на илегални мигранти на територијата на Република Македонија од северната граница.