Обама:САД и сојузниците ќе разговараат за кампањата против ИД

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД и сојузниците ќе ги разгледаат меѓународните напори за борба против Исламската држава на Самитот на светските лидери следната недела.

Во своето неделно радио обраќање Обама го повтори неговото ветување дека ќе продолжи кампањата против ИД, која ја презеде одговорноста за самоубиствените бомбашки напади во Брисел.

Обама изрази сочувство и жалење за семејствата на двајцата Американци и другите убиени и повредени во бомбашките напади на 22-ти март. Тој исто така изјави дека Белгијците во Америкаат имаат силна подршка во борбата против тероризмот.