Грција почна да ги евакуира мигрантите од Идомени

Грчките власти почнаа да ги евакуираат мигрантите од бегалскиот камп Идомени на границата со Македонија, соопшти денеска полицијата.

Во меѓувреме продолжува тенденцијата на намалување на приливот мигранти од Турција кон грчките острови.

Локалната полиција информираше дека вчера со осум автобуси се однесени околу 400 мигранти од кампот Идомени кон центрите за сместување во регионот.

Агенциите јавија дека денеска нови десетина автобуси чекале да ги земат мигрантите, кои тргнале да го напуштаат кампот, најмногу семејства со деца.

Според официјални податоци, утрово во Идомени имало 11.603 лица.

Откако во почетокот на март македонската граница беше затворена, во кампот имаше се повеќе мигранти.