Сириската армија се бори да ja заземе Палмира

Сириската државна телевизија објави дека сириските владини трупи ја прошириле контролата северно од историскиот град Палмира. Оваа област претходно беше под контрола на милитантите од Исламската држава.Државната телевизија соопшти дека армијата - поддржана од руските воздушни сили– ја презелe контролата во областа Ал-Aмириа на периферијата на Палмира. На телевизиските снимки од тврдината денеска беше покажан војник како мавта со националното знаме на Сирија од средновековен замок .Палмира, град со тврдини од римско време, беше заземен од екстремистичките групи на Исламска држава во мај 2015 година.