Полициската акција во Липковско и Арачиново завршила

Полициската акција што ноќеска се спроведувала во делови на Липковскиот крај и село Арачиново завршила, а официјални информации од МВР се најавуваат во текот на денот.

Македонската полиција, според локалните медиуми во Македонија, не ги потврдува медиумските шпекулации дека презела акција поради наводно уфрлена косовска вооружена група на македонска територија.

Според неофицијални информации од МВР на теренот се вршела проверка на повеќе локации поради мигрантската криза.