Бања Лука - Пресудата против Караџиќ е политички мотивирана

Владата на Република Српска во Бања Лука

Пресудата на Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија за поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, е политички мотивирана и не придонесува кон помирување и јакнење на довербата меѓу народите во поранешна Југославија, оцени денеска владата на Република Српска. Во соопштението до јавноста, по посебната владина седница по повод изрекувањето на првостепената пресуда за Караџиќ од 40 години затвор за геноцид и злосторства против човештвото за време на војната во Босна и Херцеговина во 90-тите години од минатиот век, владата од Бања Лука наведува дека пресудата се однесува на поединец, а не на колективитет и оти не постои можност таа да се користи за оспорување на Република Српска и нејзините институции.