Грција го одбележува Денот на независноста

Илустрација

Со воена парада во Атина и студентска парада во Солун, Грција денеска ја прославува годишнината од војната во 1821 година за независност од Отоманската власт. На парадата во Атина беше присутен целиот грчки државен врв, лидерите на политичките партии, а претседателот Прокопис Павлопулос положи и венец на гробот на незнајниот јунак.