Обвинение против седуммина ирански хакери во САД

Илустрација

САД официјално обвинија седуммина ирански хакери за координирање на сајбер нападите од 2011 до 2013 врз десетици американски банки и браната во Њујорк. Министерство за правда денеска го објави обвинението против Иранците за кои се верува дека работеле за иранската влада во кое се наведува дека се работи за „искусни компјутерски хакери“. Според обвинението, најмалку 46 големи финансиски институции и компании од финансискиот сектор биле нападнати од хакерите. Јавната обвинителка Лорета Линч на денешната прес-конференција рече дека обвинетите предизвикале штета од десетици милиони долари. Нападот врз браната, пак, можел да доведе до непосредна опасност за американските граѓани, рече таа.