Високиот комесар за човекови права на ОН ја поздрави пресудата за Караџиќ

Високиот комесар за ОН за човекови права Заид ал Хусеин

Високиот комесар за ОН за човекови права Заид ал Хусеин ја поздрави пресудата против лидерот на босанските Срби, Радован Караџиќ. Ал Хусеин посочи дека пресудата покажува дека дури и влијателни извршители на таквите злосторства треба да знаат дека нема да ѝ побегнат на правдата. Во соопштение лиферувано откако Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија го прогласи Караџиќ за виновен за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид, комесарот Заид ал Хусеин изјави дека судскиот процес треба барем малку да ги запре лидерите од Европа и другите места низ светот, кои сакаат да ги експлоатираат националистичките расположенија и малцинствата да ги користат како купени жртви.