Се самоубил Киргистанец осомничен за соработка со ИД

Илустрација

Киргистанец, осомничен дека регрутирал борци за Исламската држава починал, откако скокнал од петтиот кат на полицијата во Москва. Руските медиуми јавуваат дека инцидентот се случил вчера. Осомничениот бил уапсен и донесен во регионалната полицијата заедно со уште неколку други мажи. Полицијата соопшти дека за време на распитот човекот се пробил до прозорецот, го отворил и скокнал. Починал на лице место. Рускиот истражен комитет и Федералното служба за безбедност отворија истрага за инцидентот.