Флоренс Хартман уапсена во Хашкиот трибунал

Поранешната портпаролка на хашкото обвинителство за воени злосторства во поранешна Југославија, Флоренс Хартман

Поранешната портпаролка на хашкото обвинителство за воени злосторства во поранешна Југославија, Флоренс Хартман, денеска е приведена од судската полиција во фоајето на судот во Хаг, во пресрет на изрекувањето на пресудата за поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ.

Хартман, која ѝ беше портпаролка на поранешната обвинителка Карла Дел Понте, беше осудена на парична казна за непочитување на судот, откако објави книга со доверливи информации за внатрешните работи на Трибуналот. Властите во Франција, каде што таа живее, одбија да ја спроведат пресудата. Засега нема коментар на приведувањето од Хашкиот трибунал.