Абдеслам не се противи на екстрадиција од Белгија во Франција

Осомничениот за терористичките напади во Париз, кој беше уапсен пред неколку дена во Брисел, Салaх Абдеслам, нема да се противи на екстрадиција од Белгија во Франција, соопшти неговиот адвокат Свен Мери. Адвокатот денеска рече дека Абдеслам „сака да замине во Франција што е можно побрзо“ за да може таму да ја објасни својата страна од приказната. Абдеслам е клучен осомничен за терористичките напади во главниот град на Франција во ноември минатата година, кога беа убиени 130 луѓе. Адвокатот вели дека неговиот клиент не знаел за подготовките на завчерашните терористички напади во Брисел во кои загинаа најмалку 31 луѓе и се смета дека се поврзани со тие претходно во Париз. Исламската држава ја презеде одговорноста за двата напади.

Белгиските власти соопштија дека самоубиствените напади на аеродромот и во метрото во Брисел ги извршиле браќата Халид и Ибраим ел-Бакрави и бараниот милитант Наџим Лашрави. Четвртиот осомничен за нападите не е идентификуван и сè уште е во бегство, а полициски извори белат дека можеби има уште еден.