Самоубиецот од Брисел е изработувач на бомбите од париските напади

Осомничениот изработувач на бомбите за ноемвриските напади во Париз бил еден од двајцата бомбаши самоубијци кои го нападнаа аеродромот во Брисел, соопштија европски официјални лица, додавајќи дека во нападите е инволвирана иста ќелија на Исламската држава. Белгиски, француски и европски претставници изјавија за неколку медиуми дека било утврдено оти ДНК на Наџим Лахрауи била иста како кај еден од бомбашите од нападите од вторникот, откако примероците биле земени од местото на експлозијата. Тие рекоа дека биле во потрага по Лахрауи од минатата недела, под сомнение оти бил соучесник на осомничениот Салах Абдеслам, кој беше уапсен на 18 март.

Лахрауи е 24-годишен Белгијанец роден во Мароко, за кој се верува дека ги изработил самоубиствените елеци кои биле користени во нападите во Париз во кои загинаа 130 луѓе.