Ердоган - Еден од напаѓачите од Брисел беше депортиран од Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека еден од напаѓачите во вчерашните терористички напади во Брисел во јуни бил уапсен во Турција и бил депортиран во Белгија. Тој рече дека белгиските власти го ослободиле и покрај турските предупредувања дека бил „странски борец“. Ердоган не го именуваше напаѓачот. Тој рече дека бил уапсен на турската граница со Сирија во Газиентеп и оти Турција официјално ги известила белгиските власти за неговата депортација на 14 јули.

„И покрај нашите предупредувања дека тој човек е странски терористички борец, Белгија не можеше да утврди какви било врски со тероризам“, рече Ердоган.