Кери на разговори за Сирија и Украина во Москва

Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Москва

Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Русија. Се очекува да разговара за кревките примирја во Сирија и во Украина. Тој денеска треба да се сретне со неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер, кој исто така е во посета на Москва. За утре се предвидени средби со рускиот претседател Владимир Путин и со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. За време на посетата, се очекува Кери да процени дали руското водство е подготвено да разговара за начините за отстапување на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Во однос на Украина, Кери очекува Москва да изврши притисок врз проруските сепаратисти на истокот на земјата целосно да го почитуваат примирјето.