СДСМ - Еден човек да не може да се помилува за повеќе кривични дела

Илустрација: Собрание

Пратеничката група на СДСМ денеска ќе поднесе предлог-закон за дополнување на Законот за помилување, со кој ќе се оневозможи едно лице да биде помилувано за повеќе кривични дела. Со овој предлог-закон, како што истакна координаторот на пратеничката група Горан Сугаревски, се пополнува правната празнина која ја создаде Уставниот суд и се предвидуваат правила кои ќе ги обесхрабрат сите потенцијални сторители на кривични дела. Според Сугаревски, СДСМ за овој предлог очекува поддршка од колегите од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Секоја спротивна одлука ќе биде нивно директно признавање на криминалите на власта, вели тој.