Давутоглу - Безбедноста на Европа почнува во Турција

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави денеска дека Европа нема друг партнер, освен Турција, кога е во прашање безбедноста и го повтори барањето за воспоставување безбедносна зона во Сирија.

„Безбедна Европа почнува со Турција, а за безбедноста на Турција императив е безбедносна зона во Сирија“, изјави Давутоглу пред членовите на владејачката Партија на правдата и развојот во Анкара.

Давутоглу го нагласи тоа, откако вчера во Брисел беа извршени напади во кои загинаа над 30 луѓе, а стотици ранети.