Времето денеска облачно и дождливо

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Локално се очекува да наврнат околу 30 л/м2 воден талог, а ветерот да достигнува брзина од околу 80 км/ч. Ќе има и услови за изолирана појава на град. Утринската температура се движи од шест до 12, а дневната ќе биде од 14 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Врнежи од дожд ќе има и утре, особено во западните делови. Ќе дува умерен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура. На планините врнежите ќе преминуваат во снег.