Новинарски протест во Приштина

Новинарите денеска излегоа на протест во Приштина, откако косовскиот премиер Иса Мустафа наводно му се заканувал на нивен колега. Косовскиот новинар Вехби Кајтази ја објави сторијата дека Рагип Мустафа, брат на премиерот, бил меѓу илјадниците косовски граѓани кои минатата година побараа азил во Германија. Кајтази тврди дека премиерот потоа му рекол дека ќе плати за тоа што го направил. Здружението на новинари на Косово бара јавно извинување од премиерот. Иса Мустафа не ги коментира овие обвинувања, но по објавувањето на веста, рече дека брат му побарал азил за да се лекува во странство.