Скопје - Конференција посветена на борбата против корупцијата

Катица Јанева

„Ефикасна борба против високата корупција: прашање на личност или на систем“ е темата на конференцијата која денеска ќе се одржи во Скопје на која ќе се дебатира за непристрасност, интегритет и ефикасност во борбата против корупцијата на високо ниво, како и за индивидуалната наспроти колективната одговорност во борбата против корупцијата.

На конференцијата ќе зборуваат Лаура Кодрута Ковеси, главен обвинител во Националниот директорат за антикорупција во Романија и Катица Јанева, јавен обвинител во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите. Тие ќе дебатираат на тема непристрасност, интегритет и ефикасност во борбата против корупцијата на високо ниво.

На отворањето на оваа конференција, меѓудругите треба да се обратат амбасадорот на САД Џес Бејли, министерот за правда Аднан Јашари и првиот извршен директор на МЦМС, Александар Кржаловски.