Довербата во Путин се намалува, а поддршката расте

Рускиот претседател Владимир Путин

Довербата на граѓаните во рускиот претседател Владимир Путин е намалена за 10 проценти минатата година. Според истражувањето на јавното мислење спроведено од 11 до 14 март од страна на независниот центар Левада, 73 отсто од руските граѓани изјавиле дека му веруваат на Путин, што е намалување од 10 отсто во однос на претходната година, кога 83 отсто од граѓаните верувале во рускиот претседател. Околу 19 отсто од испитаниците рекле дека не му веруваат на претседателот, за разлика од минатата година кога 14 отсто не му верувале.

Сепак, друго истражување на центарот Левада, спроведено од 19 до 24 февруари, покажува дека 65 отсто од Русите би гласале за реизбор на Путин, што е повеќе од минатата година, кога реизбор би поддржале 57 отсто од граѓаните.

Неодамнешна анкета спроведена од државна агенција излезе со драстично повисоки бројки за поддршка за Путин.