Савченко прогласена за виновна

Рускиот суд денеска ја прогласи за виновна украинската пилотка Надиа Савченко за наводно учество во убиството на двајца руски новинари во источна Украина во 2014-та година. Пресудата сеуште не и е изречена, а обвинителот побара казна затвор 23 години. Савченко ги отфрли сите обвиненија.

Овој судски процес предизвика реакции во Украина и во светот, главно со оценки дека станува збор за случај оркестриран од Кремљ. Савченко беше заробена во јуни во источна Украина каде што се борела против сепаратистичките сили, подржани во Русија и илегално префрлена во Русија.