Најмалку 55 загинати во судирите во Јемен

Властите во Јемен велат дека најмалку 55 луѓе, вклучително најмалку триесетина бунтовници и 14 цивили се убиени во судирите во третиот по големина град Таиз, меѓу Хути бунтовниците поддржани од Иран и провладините сили. Судирите дојдоа додека специјалниот пратеник на Обединетите Нации, Исмаил Улд Чеик Ахмед беше на разговори во главниот град Сана, кој е под контрола на бунтовниците со цел да се рестартираат мировните преговори со меѓународно признатата влада на Јемен. Последната битка започна на 19 март кога хути бунтовниците започнаа офанзива за да го повратат западниот дел на Таиз. коалицијата предводена од САД изврши десетици воздушни напади за да го запре напредувањето на бунтовниците. Хути бунтовниците повеќе од една година го држеа под опсадда Таиз се додека минатата неделапровладините сили не ги отстранија од западниот дел на градот, отварајќи пат за снабдување на градот. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија ја поддржува владата со воздушни напади од март 2015 година.