Турција ја обвини ИД за нападот во Истанбул

Министерството за внатрешни работи на Турција бомбашот самоубиец во Истанбул го идентификуваше како милитант поврзан со групата на Исламската држава. Министерот Ефкан Ала денеска изјави дека бомбашот е идентификуван како Мехмед Озтурк - турски државјанин роден 1992 во јужниот турски град Газиантеб. Пет други осомничени се уапсени под сомненија за поврзаност со нападот на 19 март кога бомбашот се самоуби при што загинаа четри лица во главната трговска област во центарот на градот. Најмалку 36 луѓе се повредени. Ала рече дека човекот не бил на листата на барани лица, бранејќи ги властите од обвинувањата за пропусти во безбедноста отако од јули се случија шест големи напади во кои загинаа повеќе од 200 луѓе во земјата.