35 загинати во судирите во Јемен

Извештаите од Јемен велат дека 35 војници се убиени во судирите меѓу шиитските бунтовници и провладините сили во Таиз - третиот најголем град во земјата. Властите велат дека шиитските бунтовници познати како Хути се обиделе да го заземат западниот дел од градот, додека коалицијата предводена од Саудиска Арабија изврши повеќе од десет воздушни напади за да ги спречи бунтовниците да напредуваат. Во граѓанската војна во Јемен бунтовниците Хути се спротивставени со борци кои се во сојуз со меѓународно призната влада. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија во март 2015 започна да извршува воздушни напади против Хути бунтовниците.