Почнува пролетта

Пролетта во Македонија и на северната хемисфера почна денеска во 5 часот и 30 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата настапи есента. Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и 7 минути. Пролетта ќе трае до 21 јуни во 00 часот и 35 минути кога календарски започнува летото.

Времето денеска ќе биде сончево со мала доумерена облачност и со слаб претежно источен ветер. Минималната температурата ќе се движи од минус четири до три, а дневната од 12 до 18 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе достигне до два, а дневната до 16 степени.