Најмалку петмина загинати и 36 повредени во експлозијата во Истанбул

Најмалку петмина се загинати и 36 повредени во самоубиствениот бомбашки напад во Истамбул, соопшти гувренерот на градот Васип Сахин. Турската полиција приведен еден маж под сомнеж дека е поврзан со денешниот самоубиствен бомбашки напад во Истанбул. Телевизијата во својот извештај не го посочи идентитетот на упасениот, бидејќи во Турција во сила е одредба која им забранува на медиумите да објавуваат детали од истрагите за терористички напади.

Денешниот напад се случи во главниот трговски кварт во центарот на градот, а некои од повредените се наоѓаат во многу тешка ситуација, се вели во извештаите. Напаѓачот исто така е загинат, но се уште никој не ја преземал одговорноста за нападот. Меѓу повредените има 12 странци иако официјалните претставници одбиваат да дадат дополнителни информации. Турската новинска агенција Доган информираше дека меѓу повредените се тројца израелски државјани, додека другите агенции известуваат дека е повреден еден иранец.