Инсталирана купола на новиот православен центар во Париз

Главната златна купола беше подигната на местото на новата руска православна катедрала која се гради во главниот град на Франција, Париз. Религиозни и политички личности денска се собраа да гледаат како беше поставувана куполата кој тежи осум тони. Пред да биде завршен проектот во октомври, треба да бидат подигнати уште осум куполи. Катедралата е само дел од рускиот православен културен и духовен центар кој чини 90 милиони евра и кој вклучува училиште, библиотека и изложбени простории. Центарот ќе биде во рамките на руското Министерство за надворешни работи и ќе има дипломатски статус.