Бомбашки напад во Истанбул, двајца загинати

Најмалку две лица загинаа, а седуммина други се повредени денеска при самоубиствен бомбашки напад на главниот трговски кварт во центарот на Истанбул. Локалните телевизиски снимки покажуваат како хеликоптер ја надгледува областа од каде беа отстранети луѓето. Засега нема повеќе детали за нападот. Денешната експлозија во Истанбул доаѓа по нападот во Анкара минатиот векенд, при кој загинаа 37 лица.