ДИК не го усвои извештајот за проверка на податоците од Избирачкиот список

Државната изборна комисија синоќа не го усвои извештајот за направената вкрстена проверка на податоците од Избирачкиот список. Советничката во ДИК, Љупка Гугучевска изјави дека одлуката не е донесена и оти е заклучено дека е потребно дополнително време за консултации околу податоците во извештајот.

„Потребно е дополнително време за консултации. За сите понатамошни активности, јавноста ќе биде известена“, рече Гугучевска.

Засега нема информации дали во текот на денешниот ден ќе има седница на ДИК на која би се донела одлука за извештајот од вкрстените проверки во Избирачкиот список.