Во куќа во Ваксинце пронајдени 77 мигранти

Селото Ваксинце кај Куманово

Во напуштена куќа во кумановското село Ваксинце синоќа се откриени 77 мигранти од Пакистан, Сирија и Авганистан, соопшти МВР. Во СВР-Куманово вчера попладне се јавил мигрант и на англиски јазик пријавил дека во куќа во Ваксинце бил физички нападнат од непознато лице кое му барало пари. Мигрантот побегнал, а неговото семејство останало во куќата. Полициски службеници извршиле разговор со пријавителот, но не било констатирано дека е нападнат. Полициските службеници во напуштената куќа во селото пронашле 77 мигранти од Пакистан, Сирија и Авганистан, кои ноќеска се пренесени во Транзитниот центар - Гевгелија, соопшти МВР.