Еврокомесарот за миграции Аврамопулос во Тирана

Еврокомесарот за миграции Димитрис Аврамопулос денеска ќе престојува во Тирана, каде што со албанскиот државен врв ќе разговара за мигрантската криза, која би можела да ја погоди и Албанија. Албанските медиуми пренесуваат дека нов пат на бегалците, кои сакаат да стигнат до Германија и другите земји на ЕУ од Грција, можно е да биде Албанија, иако се уште нема јасен став на албанските власти околу ова прашање, кои сметаат дека е потребна организација од самите членки на Унијата и разгледување на можностите што ги нуди секоја држава за привремено сместување на бегалци.