Македонија и Бугарија со заеднички операции околу мигрантите

Македонија и Бугарија ќе одржат заеднички воздушни и копнени операции по должината на нивната граница поради мигрантската криза, соопшти бугарската влада наведувајќи дека за ова се согласиле претседателите на двете земји Бојко Борисов и Ѓорге Иванов. Борисов најавил дека Софија била подготвена да испрати хуманитарна помош за бегалците во Македонија. Бугарските власти не соопштија детали за какви заеднички гранични операции станува збор.