ЕУ лидерите согласни за понудата до Турција

Лидерите на Европската унија се согласија да и понудат на Турција финансиски и политички концесии ако ги запре мигрантите кои стигнуваат во Грција. Тоа во Брисел ги зголеми надежите дека може да се постигне клучен договор за крај на мигрантската криза за време на денешната средба на евро лидерите со турскиот премиер Ахмед Давутоглу. Според договорот, за секој вратен мигрант во Турција, Европската унија ќе прифати еден сириски бегалец директно од Турција. 72 илјади од нив ќе бидат распоредени по земјите членки на Унијата. Исто така Брисел ќе и даде над 6 милијарди евра помош на Турција за справување со мигрантите и ќе ги забрза преговорите за членство и за безвизен режим за Турција.