Стечајците на протест во Скопје, најавуваат радикализација

Архивска фотографија

Стечајнците попладнево излегоа на протест во Скопје и ја блокираа крстосницата кај Собранието. Тие бараат да биде донесен закон со кој околу 4.000 стечајни работници би добивале по 100 евра месечно до пензионирање или до ново вработување. Собранието веќе еднаш донесе таков закон, но тој се однесуваше само на стечајците од државни фирми кои имаат над 25 години стаж. Овие што протестираат велат дека не е нивна вина што фирмите во коишто работеле биле приватизирани пред да отидат под стечај. Доколку не им биде исполнето барањето, се закануваат со радикализација на протестите - најавуваат блокада на институции, патарини и гранични премини.