Кремљ - Трамп сака да ја демонизира Русија

Combo Photo of Hillary Clinton and Donald Trump

Русија критикуваше видео-снимка користена во кампањата на кандидатот на Републиканската партија за претседателските избори во САД, Доналд Трамп, велејќи дека Трамп сака да ја демонизира Русија. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека ставот на Русија за видеото е негативен. Тој вели дека „јавна тајна е дека демонизирањето на Русија и сè што е поврзано со неа, за жал, е задолжителен белег на изборната кампања во Америка“. Песков вели дека руските власти би сакале изборниот процес да продолжи без такви алузии за Русија.

На видео-снимката која беше објавена на 16 март е прикажано како рускиот претседател Владимир Путин го совладува противникот во џудо рунда. Потоа е прикажана Хилари Клинтон, ривалката на Трамп од редовите на демократите, како испушта звуци како лаеж од куче, на што се надоврзува снимка од смеење на Путин. Видеото се обидува да фрли сомнеж во врска со способноста на Клинтон да се справи со непријателите на Вашингтон.